Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се поврзува со многу тимови во последниот период, а сега во битката за неговиот потпис се вклучи и германскиот бундеслигаш Фрајбург.
Алиоски два месеци се поврзуваше со трансфер во Трабзонспор, но сепак такво нешто не се случи, па сега Фрајбург е главен кандидат за неговиот потпис.
Фрајбург, наводно, сака да потпише едногодишен договор со македонскиот фудбалер, па во следниот период ќе биде познато дали Алиоски ќе се пресели во Бундеслигата.
Алиоски е слободен фудбалер, откако му заврши неговата соработка со Ал-Ахли по испаѓањето на тимот од елитата во Саудиска Арабија.