Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот плејмејкер Стеф Кари е еден од најдобрите кошаркари во светот, а неговата кариера во Голден Стејт вориорс е повеќе од успешна.
Овој 34-годишен кошаркар зборуваше со американските медиуми за неговата иднина, па кажа дека сака да ја заврши кариерата во екипата во која игра од 2009 година, а тоа е Голден Стејт.
„Искрено, никогаш не би сакал да го напуштам Голден Стејт. Сакам ова да биде мој единствен дом. Тука би сакал да бидам и кога ќе ја завршам кариерата. Овој град е мој дом“, кажа Кари.
Кари во кариерата беше четири пати НБА-шампион, двапати МВП на лигата, а еднаш МВП во финалето, а неколку пати играше и на Олстарот.