Тухел доби ново засилување: Сите очекуваа да потпише за Реал, а тој го избра Челси


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо, кој е специјалист за трансфери, кажа дека американскиот голман Габриел Слонина ќе потпише за Челси.

Момчето кое сè уште игра за Чикаго ќе остане во американската екипа до крајот на сезоната, по што ќе им се приклучи на „сините“ пред почетокот на вториот дел од сезоната во Премиерлигата.

Слонина е голем талент и на „Стемфорд бриџ“ треба да биде замена за Едуард Менди, а потоа да го наследи меѓу стативите на англискиот гигант.

Доаѓањето на американскиот голман најверојатно ќе значи и заминување на Кепа Аризабалага, кој пред неколку години стана најскап голман во светот, но не ги оправда очекувањата.