Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот премиерлигаш Челси понудил 142 милиони евра за тројца фудбалери на Интер, а тоа се Милан Шкрињар, Дензел Думфрис и Чезаре Касадеиа.
Најголем дел од сумата е за Шкрињар за кој лондонскиот тим е подготвен да плати околу 90 милиони евра, додека за Думфрис ќе одвои 45 милиони евра, а уште седум се за младиот фудбалер.
Шкрињар игра за Интер од 2017 година, кога стигна од Сампдорија за 20 милиони евра и стана еден од најдобрите дефанзивци во Европа.
Думфрис стигна во клубот минатото лето од ПСВ за 12,5 милиони евра, а минатата сезона одигра 45 меча и постигна пет гола.