Надал го откажа учеството во Монтреал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се откажа од учество на Мастерсот во Монтреал, а денеска неговиот чекор го следи Рафаел Надал.

Ѓоковиќ мораше да се откаже затоа што не е вакциниран, додека Надал кажа дека нема да игра поради здравствени причини.

„Од мојот одмор и враќањето на тренинзите, овие недели имав проблеми поради кои решив да не патувам во Монтреал. Се надевам дека ќе заиграм повторно на овој турнир, но сега немам избор освен да бидам паметен и да размислувам за здравјето“, кажа Надал.

Шпанецот сака да биде подготвен за последниот гренслем-турнир во сезоната, Ју-Ес опен кој се игра од 29 август до 11 септември.