Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема го постигна вториот гол во мечот против Ајнтрахт Франкфурт во европскиот Суперкуп (2-0) и уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за „Златната топка“.
Бензема стигна до бројката од 324 гола за „кралевите“ и така за еден погодок го надмина легендарниот Раул Гонзалес, додека пред нив е само Кристијано Роналдо со 450 гола.
„Станав многу подобар откако си замина Роналдо. Вистина е дека постигна многу погодоци, но додека беше тука, Реал играше на друг начин, а јас имав улога на асистент. Сепак, Роналдо ми помогна со неговото заминување да станам подобар“, кажа Бензема.
Бензема минатата сезона со важни голови против Челси, Манчестер сити и ПСЖ му помогна на клубот да стигне до финале во Лига на шампиони (ЛШ) и да го освои трофејот.