ФИФА го помести почетокот на СП за еден ден порано!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека Мундијалот во Катар ќе почне еден ден порано од предвиденото, односно на 20 ноември со мечот меѓу Катар и Еквадор.

Од ФИФА решија да го поместат почетокот на Светското првенство (СП) затоа што сакаат церемонијата и воведниот меч да го направат како посебен настан.

Средбата меѓу Катар и Еквадор ќе се игра в недела, 20 ноември со почеток од 19 часот по локално време, додека мечот меѓу Холандија и Сенегал ќе се одигра на 21 ноември од 19 часот.

Оваа промена ќе обезбеди и продолжение на долгогодишната традиција според која првиот меч на Мундијалот го игра домаќинот.