Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги соопшти имињата на тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата играч на годината.
Во изборот се наоѓаат Карим Бензема од Реал Мадрид, Тибо Куртоа исто така од шпанскиот гигант и Кевин Де Брајне од Манчестер сити.
Во конкуренција на тренери во потесниот избор се Карло Анчелоти од Реал Мадрид, Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити.
Добитниците ќе бидат прогласени на 25 август во Истанбул на ждрепката на групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).
Реал Мадрид е последен освојувач на ЛШ, откако во Париз во мај славеше против Ливерпул со 1-0.