До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Не така убави зборови имаше да упати Илкај Гундоган кон Манчестер Јунајтед, а причината е неговиот соиграч од репрезентацијата.
Илкај Гундоган си даде на себе право да ги коментира постапките на Жозе Мурињо, а причината е неговиот довчерашен соиграч од репрезентацијаста на Германија, Бастијан Швајнштајгер.
32-годишниот Германец не е во првиот план на Жозе Мурињо, многу веројатно нема да одигра ниту еден натпревар во оваа сезона, тренира со резервите и младиот тим, па треба да се очекува негово заминување, веројатно на крајот на сезоната во МЛС лигата.
„Мислам дека Манчестер Јунајтед може да профитира од 100 % спремниот Бастијан Шванјштајгер. Ако се тоа што го слушата и прочитате е точно, тогаш одлуката на Манчестер Јунајтед е разочарувачка и полна со непочитување. Не е тој таму некој играч, нема 18 или 19 години“, рече Гундоган.
Не така убави зборови имаше да упати Илкај Гундоган кон Манчестер Јунајтед, а причината е неговиот соиграч од репрезентацијата.
Има ли право да коментира вакво нешто?















