За малку сензација! Играчот за врска на Барса во летото го одби Реал!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мадриѓаните имаа лукав план, но фудбалерот сепак остана верен на Блауграната.

    Сите се сеќаваме на 2000 година и сензационалниот премин на Луис Фиго од Каталонија во претстолнината на Шпанија, тој потег на легендарниот Португалец кој ја здрма цела Европа, а во ова лето можеше да се случи нешто слично.

    Реал Мадрид ги следеше потезите на Барселона  на пазарот и се надеваше дека може да дојде до еден нивен играч за врска.

    Стигна на Ноу Камп прво младиот Денис Суарез, а потоа во редовите шампионот на Шпанија дојде и Андре Гомеш. Една работа тогаш беше јасна,  дека е создадена гужва во средниот ред на Блауграната.

    Кралскиот клуб тоа сакаше да го искористат со цел да направат се за во своите редови да го доведат хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ!

    Креативецот од неговиот калибар исклучително ќе “легнеше“ на Мадриѓаните, ќе создадоа одлична ротација во средниот ред, но Хрватот беше јасен. Што се однесува до него „случајот Фиго“  би бил далеку од реализација, дека немал никакви намери, и покрај одличната конкуренција, да ја напушти Барса. На понудата на Реал, Иван Ракитиќ рекол „Не, благодарам“.

    Потегот на  хрватскиот репрезентативец е за секоја почит, додека Реал уште еднаш демонстрираше дека не бира средства со цел да стигне до посакуваната цела.

    Сакаа со еден удар да го ослабнат „непријателот“ и да ги засилат своите редови, сепак не им појде за рака.