Роналдо сам се пријавил во полиција и објаснил зошто го удрил детето со аутизам (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грозни сцени беа забележани пред неколку месеци, кога Евертон славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед, а Кристијано Роналдо се изнервира по мечот и удри едно дете со аутизам.

Роналдо го удри детето по раката во која го држеше телефонот и го повреди, а потоа ја сфати својата грешка и се обиде да ја поправи ситуацијата.

На социјалните мрежи му се извини на детето и го покани на натпревар на „Олд Трафорд“, меѓутоа тинејџерот го одби предлогот.

Во меѓувреме локалната полиција почна истрага за да открие што се случило, а според „Дејли Мејл“, Роналдо сам се пријавил во полиција.

„Можеме да потврдиме дека 37-годишен маж доброволно учествуваше во полициската истрага“, соопштија од полицијата.