Анчелоти остана без важен фудбалер за мечот против Селта

Шпанскиот шампион Реал Мадрид ќе биде ослабен во мечот против Селта во второто коло од шпанската Ла Лига.

Екипата на Карло Анчелоти славеше во првото коло со 2-1 против Алмерија, а вечерва ќе се обиде да слави и против Селта виго, но тренерот се соочува со сериозни проблеми во средниот ред.

Анчелоти нема да смета на Касемиро, кој треба да го комплетира неговиот трансфер во Манчестер јунајтед, а мечот ќе го пропушти и Тони Крос.

Германецот имал вирус, па поради тоа ќе го пропушти дуелот против Селта, а тоа ќе го натера стратегот да го подмлади средниот ред на екипата.

Анчелоти ги повика и младите Марио Мартин и Мануел Анхел од Б-тимот на „кралевите“.