До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Марио Балотели зборуваше за медиумите за одличниот почеток во новата сезона.
Џампјеро Вентура не го повика Марио Балотели во репрезентацијата, покрај фактот дека е во одлична форма.
Селекторот на репрезентацијата на Италија истакна дека Балотели мора да покаже континуитет за да биде повикан, и дека вратата не е затворена за него.
Балотели рече дека неговото отсуство од репрезентацијата не е незаслужено.
„Ми недостасува веќе некое време, но се е тоа со заслуга. Се надевам дека ќе се вратам во репрезентацијата што побрзо, но само како тој вистинскиот. За мене е можеби најдобро да го пропуштам овој меч. Сакам да бидам во најдобра форма во наредните мечеви“, рече Балотели.
Покрај тоа, медиумите го прашаа за клубовите во кои најдобро се чувствуваше во текот на својата кариера, а тој истакна два.
„Немам повеќе сонови во фудбалот, само цели. Да ги рангирам клубовите во кои се чувствував добро? Ница, Манчесте Сити и ..тоа е тоа“, рече Марио Балотели.















