До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челниците на Барселона имаат намера наскоро да понудат нов договор на својот најдобар играч Лионел Меси, пренесува Мундо Депортиво.
На Ноу Камп не сакаат ништо да препуштат на случајот, и се одлучни на време да се осигураат со потпишување на нов договор со цел аргентинскиот магионичар да го задржат до крајот на кариерата во Каталонија.
Проблем претставува фактот дека Меси не брза со обновувањето на соработката и има намера прецизно да ги дефинира условите под кои ќе стави параф на нов договор.
Да потсетиме, Аргентинецот пред две години се обврза на соработка со шампионот на Шпанија до крајот на сезоната 2017/18 и неговата моментална плата е 21.2 милиони евра.
Дваесет и девет годишниот Меси поради повреда моментално е надвор од тимот, а во оваа сезона на Ла Лига постигна четири гола.
Каталонците после седум кола се на делба на четвртото место на табелата со Виљареал со два бода помалку од Атлетико и Реал Мадрид и бод позади Севиља.
Тоа не е единствен проблем на Барса, бидејќи Луис Суарез бара нов договор на Ноу Камп.
Поточно значително подобар во кој ќе се израмни со Нејмар по личните примања.
Нормално, Меси е недостижен, а Уругваецот смета дека треба да биде во ист ранг со Бразилецот.
Тоа фактични значи значајуни подобрување на платата од 10 на дури 16 милиони евра, а Спорт пишува дека Барса е отворена за преговори иаако на големо е оптеретена со својот буџетот.
Со новиот договор ќе се обврзе за шпанскиот шампион до 2020 година, а стравуваат дека доколку не дојде до подобрување на условите дека Ел Пистолеро ќе побара и трансфер во нова средина.















