Руни со жестоки критики: Роналдо и Рашфорд треба да седат на клупа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни кажа дека тренерот Ерик Тен Хаг треба да размисли да ги остави Кристијано Роналдо и Маркус Рашфорд на клупа.

Манчестер јунајтед има два порази во воведните две кола во Премиерлигата, а утре ќе заиграат против нивниот вечен ривал Ливерпул.

„Јас мислам дека утре не треба да играат Роналдо и Рашфорд. Да сум на позицијата на Тен Хаг ќе ми беше најважно да има енергија на теренот“, вели Руни.

Руни, исто така, не беше среќен поради трансферот на Касемиро во Јунајтед затоа што смета дека Тен Хаг треба да купува млади фудбалери за иднината.