До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Многу навивачи на Росонерите ќе се израдуваат.
Иако во минатото лето стави параф на нова верност кон Милан, Рикардо Монтоливо веќе во јануари може да го напушти таборот на седумкраткиот шампион на Европа. Италијанскиот играч за врска е на мета на Валенсија, тврдат локалните медиуми во Шпанија.
Монтоливо е еден од најчесто критикуваните фудбалери на Милан во последно време. Фактот дека ја носи капитенската лента само дополнително го засилува притисокот на него.
Иако Милан ја почна сезоната солидно, учинокот на Монтоливо е мизерен. Монтоливо е во тешка ситуација од појавата на играчот за врска Мануел Локатели кој игра на неговат а позиција, влегува од клупа и одлично ги користи сите шанси, а минатиот викенд беше еден од јунаците за пресвртот против Сасуоло кога постигна феноменален гол.
Монтоливо го гуши Локатели и заминувањето на капитенот широко ќе ги отвори вратите до првата постава за младата надеж. Монтоливо има договор до 2019 година, но многумина веруваат дека на лето го продолжи договорот со цел капитенот да не замине на крајот на ссезоната без оштета. Слабата форма и проблемите со повредите на капитенот на Милан го етикетираа како најнепопуларен играч меѓу навивачите и неговата продажба за многу тифози на Росонерите ќе биде добра вест.
Сега се отвори шанса за Милан да го продаде капитенот. Новиот тренер на Валенсија, Чезаре Прандели го истакна Монтоливо како едно од најпосакуваните засилувања во јануари.
Прандели го лансира Монтоливо за време на мандатот во Фиорентина и тогаш играчот за врска ги пружеше најдобрите партии во кариерата поради што тогаш го споредуваа со Андреа Пирло.
Валенсија во јануари може да ја исполни желбата на тренерот и да го плати Монтоливо околу 10 милиони евра што за Росонерите ќе биде понуда која не се одбива.















