„Не чувствувам љубов во Милан“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    „Тоа што е навистина проблем е што навивачите тотално ви вртат грб додека трае натпреварот“, објаснува Јапонецот.

    Какви се навивачите на Милан?

    „Опседнати со резултатот и незаинтересирани кога на тимот оди лошо“, одговори јапонскиот играч за врска Кеисуке Хонда.

    Седумкратниот шампион на Европа веќе пет сезони не усвои ниту еден значаен трофеј, а трета сезона по ред не играат на меѓународна сцена. Многу причини за незаинтересираност, а тоа е присутно и кај јапонскиот играч за врска.

    „Во Јапонија речиси да нема свирежи кон играчите. Во Милан, па мислам дека ги има премногу“, истакна Хонда кој се врати во националниот тим за натпреварите со Ирак и Австралија за квалификациите за Светско првенство.

    Потоа добро го дијагностицира проблемот на навивачите на Милан.

    „Тоа што е навистина проблем во Милан е што додека трае натпреварот, навивачите тотално ви вртат грб. Не чувствувам баш никаква љубов. Штом почнете да победувате, ве третираат како член во фамилијата, и затоа нивната приврзаност е условна, зависи од бројот на победите и поразите“, објасни Јапонецот.

    Милан минатата сезона ја заврши на седмата позиција, а моментално се шести во Серија А после седум кола.

    „Не само во Милан е ситуација за навивачите да ви свртат грб, слично е и со репрезентацијата на Италија. Сите Италијани ги интересира само резултатот, но таков пристап може да донесе задоволство само ако имате талентиран тим кој може да се носи со притисокот. Но, ако тоа не е случај, тогаш сте во проблеми“ ,заклучи Хонда.