Ѓоковиќ како цел нормален свет: Ноле влезе на „Маракана“ и никој не го забележа (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна на стадионот на Црвена Звезда за да ѝ даде поддршка, но сепак српскиот шампион одигра 2-2 против Макаби Хаифа и остана без групна фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

На стадионот имаше дури 55.000 луѓе, а интересно е тоа што меѓу нив беше и Ѓоковиќ, кој влезе на стадионот како цел нормален свет и речиси никој не го забележа.

Ѓоковиќ често ги поддржува српските тимови, па така можевме да го забележиме и на натпреварите на кошаркарската екипа на Ц. Звезда.