Македонскиот репрезентативец Ѓуроски потпиша за тим од Шпанија

Македонскиот кошаркар Стојан Ѓуроски ќе ја продолжи кариерата во Шпанија, откако потпиша договор со шпанскиот второлигаш Оуренсе.

Екипата се натпреварува во Втората лига, која е добро позната за 30-годишниот Ѓуроски, кој веќе играше за неколку тимови, и тоа Хуеска, Мелила и Аликанте.

Ѓуроски доби неколку понуди за време на преодниот рок, но реши дека најдобар избор за негов следен клуб е шпанскиот второлигаш.

Македонскиот репрезентативец во вчерашната победа на Македонија против Данска (73-70) постигна 10 поени, два скока и три асистенции.