Алиоски ќе се соочи со Тричковски, Барди оди кај Ц. Звезда во Лига Европа (Фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денеска беше одржана ждрепката во Лига Европа, по што беа познати учесниците во групите, а притоа четири македонски фудбалери ќе бидат дел од елитното натпреварување.

Езгјан Алиоски со Фенербахче и Иван Тричковски со АЕК Ларнака се во групата Б заедно со Динамо Киев и Рен, па така ќе гледаме македонска пресметка.

Трабзонспор на Енис Барди ќе дебитира во групната фаза на Лига Европа во група со Црвена Звезда, Монако и Ференцварош.

Четвриот македонски фудбалер е Ердал Ракип, кој со својот Малме заврши во групата Д, каде што ќе игра против Брага, Унион Берлин и Сен Жилоа од Белгија.