Алиоски: Не е вистина дека Елмас ме убеди да потпишам за Фенербахче!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски стана омилен кај навивачите на Фенербахче, откако пристигна летово од Саудиска Арабија.

Турските медиуми објавија дека Елиф Елмас одиграл главна улога за Алиоски да потпише за Фенербахче, но дефанзивецот тврди дека тоа не е вистина.

„Елиф ми е близок пријател. Разговарав со него пред да дојдам во Фенербахче, но не ме убеди тој за да ја прифатам понудата. Елмас е талентиран фудбалер и му посакувам сè најдобро. Тој само ми честиташе за трансферот и ништо повеќе од тоа“, кажа Елмас.