Реал Мадрид во последен момент продава фудбалер во Премиерлига?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продаде дел од фудбалерите ова лето, но претседателот Флорентино Перез смета дека имаат добар состав кој може да ги одбрани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Карло Анчелоти нема да смета на Алваро Одриозола следната сезона, па поради тоа „кралевите“ сакаат да го продадат, а интерес постои од Премиерлигата.

Шпански „АС“ објави дека Нотингем Форест е заинтересиран за Одриозола и се надева дека може да го договори до крајот на летниот проден рок.

Засега не е познато колку пари ќе понуди Нотингем Форест, кој сезонава се врати во елитата по долга пауза.