Парите поважни од семејството: Дончиќ ја тужи сопствената мајка!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ поднел барање до Комисијата за патенти во САД да се поништи заштитниот знак „Лука Дончиќ 7“, кој е во сопственост на неговата мајка, Мирјан Потербин.

Американскиот новинар Марк Штајн објави дека Дончиќ се решил за такво нешто затоа што негова желба е да ја преземе контролата врз брендовите со неговото име.

„Растам како кошаркар и личност, па сакам да го контролирам својот бренд“, кажал Дончиќ.

Дончиќ и во минатото не беше во најдобри односи со Мирјан, па сега би можел да биде откжан брендот кој мајка му го регистрирала во 2018 година.

Дончиќ во моментов е на Евробаскетот, каде што се труди да ја одбрани европската круна.