Меси повторно го остави Роналдо зад себе!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


ПСЖ славеше со пресврт кај Макаби Хаифа во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а головите ги постигнаа Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Меси постигна важен гол затоа што со него урна нов рекорд и зад себе го остави вечниот ривал Кристијано Роналдо.

Аргентинецот постигна гол против 39 различни тимови во ЛШ, па така го остави зад себе Роналдо, а исто така Меси е фудбалер кој дал барем еден гол во 18 сезони по ред.

Роналдо сезонава не игра во ЛШ со Манчестер јунајтед, па за да го брка рекордот на Меси ќе му треба најмалку една сезона.

ПСЖ има две победи во групата Х и се наоѓа на делба на првата позиција со Бенфика.