Тен Хаг: Роналдо ќе влезе во форма и головите сами ќе си дојдат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо синоќа постигна гол во победата на Манчестер јунајтед против Шериф Тираспол во Лигата на Европа.

Роналдо не е главен во соблекувалната како порано по доаѓањето на новиот тренер, Ерик Тен Хаг кој сепак верува во квалитетите на искусниот фудбалер.

Тренерот застана во одбрана на Роналдо по критиките кои ги добиваше од јавноста поради лошите настапи.

„Не може да очекувате од Роналдо да биде во врвна форма кога пропушти дел од подготовките. Мора да работи напорно за да дојде во форма, а потоа и головите сами ќе си дојдат“, кажа Тен Хаг.