„Успесите на Федерер сигурно ќе бидат заборавени!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тениски тренер Северин Лути зборуваше за повлекувањето на Роџер Федерер од спортот.

Тие двајца соработуваа од 2017 година, а Лути е човекот кој го предводеше националниот тим во Дејвис Купот во 2014 година.

„Не напредуваше доволно со коленото. Има 41 година и долго време е на турнејата, а одигра над 1.500 натпревари. Треба да размислуваме за успесите на тие луѓе. Никој не треба да биде тажен, но мислам дека успесите на Федерер ќе се заборават“, кажа тој.

Федерер ќе се збогува на Лејвер Купот, кој е на програмата од 23 до 25 септември.

„Јас ќе го паметам Роџер како добар човек и одличен тенисер. Мислам дека тоа е поважно од титулите“, вели Лути.