Проблеми за Македонија: Адеми замина на прегледи во Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми би можел да отпадне од конкуренција за дуелите на Македонија во септември.

Адеми има повреда на грбот, поради што замина на дополнителни прегледи во Германија, каде што ќе се утврди колку време треба да паузира.

Селекторот Благоја Милевски се наоѓа во незавидна позиција и ќе мора да бара ново решение, ако остане без Адеми, кој во последно време игра одлично во дресот на Динамо Загреб.

Хрватските медиуми објавија дека Адеми претходните дуели на Динамо ги играл со инјекции, па затоа мора да оди на прегледи пред репрезентативната пауза за да се откри колку е сериозна повредата.