Необична сцена: Меси даде автограм сред натпревар (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргентинскиот магионичар Лионел Меси секогаш привлекува големо внимание, па така и на пријателскиот меч меѓу неговата татковина и Јамајка во Њу Џерси.

Еден навивач сакаше потпис од својот омилен фудбалер, па втрча на теренот откако Меси го постигна првиот гол на натпреварот.

Навивачот втрча на теренот без маичка и побара од Меси да се потпише на неговиот грб, по што Аргентинецот му ја исполни желбата.