Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Садио Мане летово го напушти Ливерпул и се пресели во Баерн Минхен, а веднаш може да се забележи отсуството на сенегалскиот напаѓач во премиерлигашот.
Поранешниот англиски фудбалер Пол Мерсон кажа дека Ливерпул направил голема грешка со продажбата на Мане затоа што го дал за само „еден чај“.
„Кога се случи трансферот, си реков дека ќе биде еден од најлошите во Премиерлигата. Зборуваме за човек кој даваше важни голови и беше лидер во нападот. Го продадоа за 30 милиони евра, а тоа за премиерлигашите е како цена за еден чај. Потоа го купија Дарвин Нуњез, кој не е иста класа со Мане. Мислам дека ќе беше подобро да го задржат Мане без разлика дали следното лето ќе си заминеше бесплатно“, вели Мерсон.