Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кажа дека не сака да стане тренер по крајот на кариерата, иако не ја исклучи можност да се случи такво нешто во иднина.
Меси го посочи примерот на легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој кажа дека не планира да биде тренер, но потоа се премисли и трипати ја освои Лигата на шампиони како тренер на „кралевите“.
„Не сакам да бидам тренер, но и Зидан го кажа истото, па потоа стана тренер и трипати ја освои Лигата на шампиони. Јас би сакал да бидам спортски директор на клубот и да крадам тим“, кажа Меси.
Аргентинецот вчера кажа дека Мундијалот во Катар ќе биде негов последен во кариерата, по што ќе се повлече од репрезентацијата.