Ферстапен ќе тргне пред Леклер и Саинц во Јапонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за трката во Јапонија, која се вози утре и ќе се обиде да ја потврди титулата.

Ферстапен имаше одлични квалификации, па заврши пред ривалите од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц и се очекува жестока битка од самиот старт на трката.

Холанѓанецот може да ја потврди титулата уште утре, но само ако победи и има најбрз круг на трката, иако постојат уште неколку сценарија за успех, но во тој случај ќе треба и Леклер да има ужасна трка.

Трката за Големата награда на Јапонија се вози сабајле во 07.00 часот.