Ферстапен доминираше во хаосот во Јапонија за втора титула во Ф1

Организаторите на трката во Јапонија се соочија со сериозни проблеми уште на самиот старт, кога излета Карлос Саинц од Ферари, но по рестартот на трката до нова победа и титула стигна Макс Ферстапен од Ред Бул.

Ферстапен доминираше по рестартот на трката и имаше солидна предност пред ривалите, додека следеше жестока битка меѓу дел од остантите возачи на патеката.

Серхио Перез го нападне Шарл Леклер во завршницата, кој направи грешка во последниот круг и поради тоа заработи казна од пет секунди, кои беа доволно за Ферстапен да се закити со титулата.

Бодови на патеката „Сузука“ освоија и Окон, Хамилтон, Фетел, Алонсо, Расел, Латифи и Норис, кои завршија во топ-10.