Судијата го уништи дербито: Челси го реши Милан по вторпат во ЛШ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси вечерва славеше со 2-0 против Милан, и тоа по вторпат во групната фаза, па сега дојде до позициите кои водат во осминафинале.

Меѓутоа, дамка на мечот остави главниот судија кој покажа на белата точка во 18. минута, но тоа не беше дискутабилно, туку контроверзна беше неговата одлука да му покаже директен црвен картон на Томори.

Жоржињо погоди од белата точка за водство од 1-0, додека победата на Челси ја потврди одличниот Пјер-Емерик Обамејанг, кој ја продолжи голгетерската серија во дресот на „сините“.

Динамо Загреб во истата група успеа да освои бод против Салцбург, иако во судиското надополнување погоди пречка.