До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот играч за врска Морган Шнајдерлин може во овој јануари да го напушти Манчестер Јунајтед.
Шнајдерлин не игра многу откако на клупата од тимот од Олд Трафорд седна Жозе Мурињо, па веројатно дојде време за разделба.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, за услугите за овој играч за врска кој во Манчестер стигна од Саутемптон, заинтересирана е екипата на Милан.
Наводно челниците на овој италијански клуб се спремни да направат се со цел да го ангажираат Шнајдерлин во јануари бидејќи им се повреди главниот играч за врска Рикардо Монтоливо кој ќе паузира дури шест месеци.















