Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мик Шумахер најверојатно нема да биде дел од Формула 1 во следната сезона затоа што не успеа да освои бодови со Хас, а притоа беше во центар на внимание поради тоа што неколку пати го уништи болидот.
Газдата на Хас не е задоволен од 23-годишениот Шумахер и поради тоа планира да се раздели со синот на легендарниот Михаел Шумахер.
Минатата сезона Хас морал да потроши 4,2 милиони евра поради Шумахер, а оваа сезона е уште полош и трошоците се зголемуваат на екипата.
„Овој спорт едноставно не дозволува да бидете возач-почетник. Едноставно тоа е скапо за сите. Ако направите грешка во изборот на возачот, стратегијата, изборот на гуми и слично, ќе мора да платите милиони долари. Ние имаме еден таков пример…“, вели Џин Хас.