Роналдо ќе го боли глава: Последниот човек кој тераше инает со Тен Хаг не помина добро! (Видео)

Кристијано Роналдо не тренира со првиот тим на Манчестер јунајтед затоа што одби да влезе во игра на дуелот против Тотенхем (2-0) кој се одигра пред неколку дена.

Тренерот Ерик Тен Хаг најави реакција, која стигна експресно и Роналдо беше исфрлен од екипата, а притоа мора да плати и парична казна од милион евра.

Сепак, позагрижувачки за Роналдо треба да биде тоа што последниот човек кој тераше инает со Тен Хаг не си помина добро, а тоа е Амин Јунес.

Јунес, исто така, одби да влезе во игра во финиш на натпревар, по што Холанѓанецот го исфрли две недели од екипата, а никогаш повеќе и не доби шанса да игра за Ајакс.