Потер ги замолче навивачите на Брајтон кои го провоцираа на „Амекс“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси имаше ужасен ден на гостувањето на „Амекс“ кај Брајтон и загуби со убедливи 1-4, а тренерот Грем Потер доби многу провокации од трибините.

Потер на почетокот на сезоната си замина од Брајтон за да го преземе Челси, а на прес-конференцијата им одговори на навивачите кои не го оставија на мир цел натпревар.

„Нема за што да им се извинам на навивачите. Бев одличен во тимот. Го преземав кога беше трет од долу, тие беа трет најлош тим во Премиерлигата. Во последните месеци го кренавме клубот и собравме многу пари од продажба на фудбалери. Сепак, овој пораз за Челси е болен и мора да преземеме одговорност за тоа како одигравме во првите 45 минути“, вели Потер.