Потрес во ПСЖ: Меси почнал тајни преговори!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси планира да замине од ПСЖ откако ќе му заврши договорот со францускиот првак кој трае до јули 2023 година, а се шпекулира дека негов нов тим ќе биде Интер Мајами од МЛС-лигата.

Меси долго време се поврзуваше со враќање во Барселона, но очигледно каталонскиот гигант нема пари да тргне по него, но затоа екипата на Дејвид Бекам би можела да го обезбеди неговиот потпис.

Познатиот медиум „Атлетик“ објави дека Бекам почнал тајни преговори со аргентинскиот фудбалер, па поголема е веројатноста дека Меси ќе ја продолжи кариерата во МЛС-лигата, отколку во Барселона.

Меси имал голема желба да заигра во американската лига, а во јануари ќе биде позната неговата конечна одлука.