Париз остана еден од турнирите кои Надал не може да ги освои!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше еден од фаворитите за титулата на Мастерсот во Париз, но сепак тој испадна уште во второто коло од турнирот.

Шпанецот загуби во три сета од Американецот Томи Пол и така стана вториот голем фаворит по Данил Медведев кој испаднал од турнирот во Франција.

Интересно е тоа што турнирот во Париз ќе остане еден од турнири кои Надал никако не може да ги освои.

Поранешниот прв тенисер во светот во текот на кариерата никогаш не успеа да ги освои и турнирите во Базел, Мајами и Завршниот турнир на АТП.