Димитриевски вечерва ќе има необично барање од Анчелоти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ објави дека македонскиот голман Столе Димитриевски по мечот меѓу Рајо Валјекано и Реал Мадрид ќе има посебно барање за тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.

Димитриевски ќе го замоли италијанскиот тренер да му го даде елекот кој го носи под сакото за време на натпреварите, објави „Марка“.

Македонскиот чувар на мрежата е голем навивач на Анчелоти и сака да добие прекрасен спомен од него.

Натпреварот се игра од 21 часот, а Димитриевски ќе биде меѓу стативите на голот на Рајо.