„Прво ми стави една чаша ракија, мислев дека е тест, а потоа се опијанивме“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Карло Анчелоти е најдобриот тренер во светот во моментов, а има и посебен однос со фудбалерите поради кој многумина го почитуваат.

Анчелоти во текот на кариерата водеше многу гиганти, а почна во Парма, по што продолжи во Јувентус, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Наполи, Евертон и Реал Мадрид.

Италијанецот е единствен тренер кој освои четири титули во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа му успеа со помош на легенди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Андриј Шевченко и Рикардо Кака.

Дека имал одличен однос со фудбалерите открива и анегдотата на поранешниот фудбалер на Челси, Џо Кол.

„Кога Анчелоти стигна во клубот, сите имавме вечера, а јас доцнев и ми остана местото до него. Седам, а тој ми дава чаша ракија. Мислев дека е тест, но потоа ја испив. По што продолжи да ми става и така се опијанивме“, вели Кол.