Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемата аргентинска ѕвезда Лионел Меси кажа дека неговата селекција не е главен фаворит за титулата на Светското првенство (СП), туку посочи други три репрезентации кои ќе се борат за пехарот.
Аргентина во 2014 година играше финале, кое го загуби од Германија, а ова ќе биде последна шанса за Меси да го освои трофејот.
„Секогаш зборуваме за фаворити за титулата. Ако треба да изберам фаворити, тогаш тоа се Бразил, Франција и Англија“, кажа Меси.
Аргентина нема пораз на 35 меча по ред, односно последниот го забележа во 2019 година.
„Не сме фаворити, но се надеваме дека може да го освоиме пехарот. Екипата е мотивирана“, вели Аргентинецот.