Реал Мадрид обезбеди потпис на чудо од дете, таткото веднаш потврди!

Шпанскиот шампион Реал Мадрид размислува за иднината, па веќе го договорил бразилското чудо од дете Ендрик, кој од 2024 година треба да го облече нивниот дрес.

Овој 16-годишен фудбалер ги воодушеви сите и привлече интерес од неколку европски гиганти, но „кралевите“ биле најупорни во намерата да го добијат неговиот потпис.

„Ќе патуваме во Реал на тренинг-камп на крајот на месецот, по разговорите во Реал ќе е испратат понуда до Палмеирас“, кажа таткото на Ендрик.

Палмеирас е свесен за талентот кој го имаат во нивниот состав, па за трансферот на Ендрик се очекува да заработат 60 милиони евра колку што треба да исплатат „кралевите“.