Кејн и Ван Дајк ќе добијат суспензија, ако продолжат да тераат инает на СП

Светската фудбалска федерација (ФИФА) пред почетокот на Светското првенство (СП) порача дека ќе ги суспендира фудбалерите кои ќе носат капитенска лента со боите на виножитото.

Капитените на Англија и Холандија, Хари Кејн и Вирџил Ван Дајк не се откажуваат од намерата да носат таква капитенска лента, па може да се соочат со санкции.

Катарските власти не ги прифаќаат членовите на ЛГБТ-заедницата и затоа вршат притисок врз ФИФА, која се заканила дека капитените на секој меч ќе добиваат жолти картони поради тоа.

Доколку Кејн и Ван Дајк не се откажат од намерата да носат капитенски ленти со боите на виножитото, ќе добијат жолти картони во првите две кола, па така ќе бидат суспендирани во третото.