Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвежанецот Ерлинг Халанд ги замолче критичарите со неговите настапи во Премиерлигата за Манчестер сити и така докажа дека може да игра на врвно ниво и во англискиот шампионат.
Челси имал шанса да го купи Халанд пред Манчестер сити, меѓутоа размислувал исто како и критичарите, односно сметал дека норвешкото чудо од дете нема да се прилагоди на англискиот фудбал.
Стручниот штаб на „сините“ не бил сигурен дека Халанд ќе се прилагоди на животот во Англија и поради тоа се повлекле од преговорите со Борусија Дортмунд, а тоа го искористи Манчестер сити.
Раководството сметало дека подобар избор е Ромелу Лукаку, кој не покажа ништо посебно во Лондон, па повторно беше испратен во Интер.
Халанд на 13 натпревари во Премиерлигата има 18 постигнати голови и три асистенции, а „граѓаните“ за неговите услуги платија 60 милиони евра.