Шок зад сцената на Светското првенство 2030: Таен договор веќе одлучи каде ќе се игра финалето?!

Борбата за домаќинство на финалето на Светското првенство 2030 година сè повеќе добива политичка и институционална димензија, а во фокусот повторно се Шпанија и Мароко.

Иако ФИФА сè уште нема донесено конечна одлука за стадионот на кој ќе се игра најважниот натпревар на Светското првенство, моменталните информации укажуваат на тоа дека “Сантијаго Бернабеу” во Мадрид сè уште има многу силна позиција.

Според тврдењата на шпанскиот весник AS, очекувањата во фудбалските кругови моментално се во насока дека стадионот на Реал Мадрид би можел да го добие финалето, додека Казабланка и Барселона би биле домаќини на полуфиналните натпревари.

Меѓутоа, приказната не е само спортска. Во целиот процес се вклучени и политички и институционални односи, како и влијание кое Шпанија и Мароко го имаат во рамките на меѓународниот фудбал.

Посебно внимание привлекуваат информациите за наводниот долгорочен, неформален договор помеѓу Реал Мадрид и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Според тие наводи, постои своеобразно непишано разбирање дека финалето на Светското првенство 2030 би требало да се игра токму на “Бернабеу”.