Романо ги објави деталите: Реал Мадрид го договори бразилското чудо од дете


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го договорил трансферот на бразилското чудо од дете Ендрик, а специјалистот за трансфери Фабрицио Романо тоа го потврди уште вчера, додека денеска ги објави деталите од договорот.

„Кралевите“ постигнале договор со Палмеираш, кој ќе заработи 60 милиони евра за трансферот, додека вкупната сума на договорот ќе изнесува 72 милиони евра.

Бразилецот ќе се приклучи на „кралевите“ во 2024 година, односно кога ќе стане полнолетен затоа што сега има 16 години.