Новинар почина на трибини додека се шутираа пенали меѓу Аргентина и Холандија (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американскиот новинар Грант Вал почина на трибините на стадионот на кој играа Аргентина и Холандија во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

Првите информации од Катар се дека починал поради здравствени проблеми, односно бронхитис и напорна работа за време на Мундијалот, меѓутоа брат му тврди дека е убиен.

Вал стана главна тема во медиумите откако се обиде да влезе на стадион со маичка за поддршка на ЛГБТ популацијата.

Неговиот брат тврди дека новинарот бил убиен затоа што се спротиставил на режимот во Катар, иако не објави докази по тешките обвинувања.