Роналдо: За жал, мојот сон за трофеј на СП заврши!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалија загуби од Мароко со 0-1 во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а поразот тешко му падна на Кристијано Роналдо.

Роналдо ниту од својот петти обид не стигна до титулата која му недостига и најверојатно никогаш нема да го освои трофејот затоа што е блиску до репрезентативна пензија.

„Да се освои Мундијалот со Португалија беше мој најголем сон. за жал, тоа не се случи. Се борев за сонот и секогаш ѝ помагав на мојата репрезентација. Никогаш не ги разочарав моите колеги, секогаш бев тука за нив. Засега немам што да кажам. Сонот беше убав додека траеше“, напиша Роналдо.