Легендарниот Роналдо го откри името на новиот селектор на Бразил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразил беше голем фаворит за освојување на Мундијалот во Катар, меѓутоа испадна по поразот на пенали од Хрватска.

Тите поднесе оставка од селекторската позиција по поразот од Хрватска, а за тоа зборуваше и легендарниот напаѓач Роналдо.

Роналдо откри дека има информации за тоа кој ќе биде нов селектор на екипата, а тоа е тренерот на Флуминензе, Фернандо Диниз.

„Сите ќе бидете изненадени. Информациите кои ги имам се дека нов селектор на Бразил ќе биде Диниз. Постојат уште некои имиња во игра, но не сакам да ги споменувам. Чекаме официјална потврда од сојузот“, вели Роналдо.